Градско првенство на Скопје и Битола за 2025

vladimir-kolevВо текот на оваа недел во Скопје и Битола се играат градските првенства кои ведно претставуваат и квалификации за претстојното државно првенство. На програмата во двата градови се натпреварите на кои што се одбира најдобриот куглар за 2025 за град Скопје, односно град Битола.

Право на учество имаат сите куглари кои се натпреваруваат за своите клубови, а се регистрирани во соодветниот град. За претстојното првенство во Скопје се пријавенивкупно 26 куглари во машка и женска конкуренција и тоа од ГТЦ-Мусандра, Макпетрол А и Макпетрол Б, како и Вардар2014.

Во Битола, играчите на Пелистер1982 и Пелистер 1982 веќе одиграа за титулата првак на град Битола. Во чест наослободувањето на градот, 4 ноември, најдобар меѓу битолските куглари беше Владимир Колев кој две години по ред е првак на градот.

Скопјани ќе го одберат својот шампион, исто така, за ослободувањето на Скопје, 13 ноември. Првиот натпревар се игра во Мусандра на 15 ноември, сабота, од 10 часот, додека вториот ден се игра во кугларницата Борис Трајковски од 9.30 часот, а распоредот е според пласманот од првиот ден. За државното првенство се пласираат 11 куглари од Скопје и 5 од Битола.

Similar Posts